Енергетска ефикасност за секторот домување
|
ПОВИК ДО ЗАЕДНИЦИТЕ НА СОПСТВЕНИЦИ (КУЌНИТЕ СОВЕТИ) ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ ВО ПРОЕКТОТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ ЗА СЕКТОРОТ ДОМУВАЊЕ
Поради зголемениот интерес на граѓаните проектот на УСАИД и Хабитат Македонија за Енергетска ефикасност за секторот домување го продолжува рокот за изразување на интерес за учество во проектот до 26-ти декември 2011 до 16:00 часот. До предвидениот рок, сите заинтересирани станари кои живеат во објекти за колективно домување (станбени згради) од општините Карпош, Велес, Тетово и Куманово може да достават пријава за учество во проектот.
Станарите и Заедниците на сопственици преку учеството во проектот ја подобруваат енергетската ефикасност во нивните згради, што ќе резултира со намалување на трошоците за енергија. Енергетските мерки кои ќе се изведуваат во зградите ќе бидат финансирани преку ниско каматен заем со поволни услови. Заемот е наменет исклучиво за финансирање на градежни интервенции во зградите со цел подобрување на енергетската ефикасност преку:
- Замена на прозорци и балконски врати;
- Поставување на термо фасада и
- Изолација на покривот и подрумските простории.
Претставници на проектот на УСАИД и Хабитат Македонија за Енергетска ефикасност за секторот домување ќе бидат присутни да одговорат на вашите прашања на:
- 20-ти декември, од 17 – 19 часот во просториите на Хабитат Македонија (ул. Никола Парапунов бб, комплекс Макотекс 1 кат, Скопје) за информации за општина Карпош;
- 21-ви декември, од 13 – 15 часот во просториите на Штедилница Можности во Куманово (ул.Гоце Делчев бр.70, Куманово) за информации за општина Куманово;
- 22-ри декември, од 13 – 15 часот во просториите на Хабитат Македонија во Велес (ул.Невена Ѓорѓиева Дуња бр.12, Велес) за информации за општина Велес и
- 23-ти декември, од 13 – 15 часот во Канцеларијата за информации на општина Тетово.
За сите подетални информации за начинот на учество во проектот можете да ја посетите интернет страната www.habitat.org.mk, да пратите е-маил на iee@habitat.org.mk или да се јавите на телефонскиот број (02) 3098 050 и 3051 918.
Пополнетите пријави да се достават најдоцна до 26-ти декември 2011 до 16:00 часот во канцелариите на Хабитат Македонија ул.Никола Парапунов бб, комплекс Макотекс 1 кат, 1000 Скопје или пак електронски на iee@habitat.org.mk.
Преземање:
|
|