за пријавување на семејства за вклучување во Програмата за
нови домови во Велес
Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните граѓани од Општина Велес да се пријават за вклучување во Програмата за нови домови во Велес.
Оваа покана се однесува на избор на семејства за распределба на изградените нераспределени станови со што ќе се комплетира првата фаза која вклучува 24 дома во 4 објекти.
Документите со образец за пријавување, технички детали за домовите, услови на финансирање, како и услови за селекција на семејствата можат да се подигнат на веб страницата www.habitat.org.mk или во канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес (ул. Невена Георгиева Дуња бр. 12), во периодот од 2 до 10 ноември 2011 година.
Пополнетите пријави треба да се достават до канцеларијата во Велес најдоцна до 20 ноември 2011 година.
Здружението за хумано домување Хабитат Македонија е организација чија основна цел е елиминирање на супстандардното домување во Македонија преку обезбедување едноставни, пристојни и пристапни домови за семејства со ниски примања. Активностите на Хабитат Македонија вклучуваат изградба, финансирање, застапување, јакнење на капацитетите на целната група и развој на заедниците.
Документи за преземање: