Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Програма за нови домови

Хабитат – Македонија и партнер семејствата ги потпишаа пред-договорите за вклучување во програмата за нови домови.


Пред-договорите за вклучување во програмата за нови домови го трасираат патот за вселување на семејствата во Хабитат населбата во Велес.


Хабитат – Македонија и нејзините партнер семејства вчера, 28 април во 13:00 часот во Велес ги потпишаа пред-договорите за вклучување во програмата за нови домови во Хабитат населбата во овој град. На церемонијата присуствуваа управниот одбор на организацијата, заменик-претседателот на канцеларијата на Хабитат за Европа и Централна Азија, Дон Хашчин, амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Филип Рикер со својата сопруга Солвејг, претставници на локални и меѓународни организации кои работат во Македонија, тим од волонтери од САД, како и градоначалникот на Велес, Горан Петров.

По настанот, партнер семејствата, тимот од волонтери како и амбасадорот на САД и неговата сопруга помогнаа во изградбата на зградите во духот на волонтерството кој е неделив аспект од моделот на Хабитат за изградба на безбедни, пристојни и достапни домови.

Моментално, во Хабитат населбата во Велес привршува изградбата на четири згради. Заедно зградите ќе можат да вдомат 24 семејства во станови од 50 до 75м2. Во изградбата на становите помогнаа партнер семејствата на Хабитат – Македонија, како и над 500 волонтери од САД, Канада, Европа и Македонија. Изградбата на зградите е поддржана од поединци, здруженија и компании од Северна Америка, Европа и Македонија.

Хабитат – Македонија е невладина и непрофитна организација посветена на обезбедување едноставни, пристојни и достапни решенија за живеалишта на оние што живеат во услови на сиромаштија, без разлика на нивниот пол, етничка и религиозна припадност. Преку своите програми Хабитат – Македонија има услужено повеќе од  1300 семејства во државата во последните пет години.

"" "" ""